Променливо облачно време претпладне и во вечерните часови со повремени врнежи од дожд не очекува денес.
Ќе дува умерен ветер од југозападен и југоисточен правец.
Минималните температури ќе се движат од 3°C – 10°C, а максималните од 10° C – 16° C.
Синоптичарите за утре најавуваат облачно време со повремени врнежи од дожд, додека до среда следува спуштање на постуден воздух од север, што ќе донесе врнежи од снег на планините.