Со искрено задоволство ја најавуваме промоцијата на каталогот „100 предмети од збирките на Археолошкиот музеј“ – издание што претставува сведоштво за долгогодишната посветеност кон истражувањето, зачувувањето и претставувањето на нашето културно богатство. Ова издание е резултат на тимска работа, љубов кон археологијата и желба за едукација и инспирација. Во подготовките на каталогот ,,100 Предмети од збирките на археолошкиот музеј” учествуваа 20 кустоси, а издавањето го овозможи Министерството за култура и туризам, се вели во соопштението на Археолошкиот музеј на РМ.
Промоцијата е во четврток во 12 часот во Конференциската сала на Музејот.