Во СВР Штип било пријавено дека на бензинска пумпа на магистралниот пат Штип-Радовиш бил пронајден починат еден 65-годишник, соопшти МВР.

– Вчера околу 16:45 часот во СВР Штип било пријавено дека на бензинска пумпа на магистралниот пат Штип-Радовиш, во патничко возило „опел корса“, со струмички регистарски ознаки, бил пронајден починат Р.К.(65). Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт, информираат од МВР.

Увид извршиле екипа од СВР Штип и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција во Клиничка болница во Штип.