Во неготинското село Црвени Брегови биле пронајдени три безживотни тела, објави МИА повикувајќи се на извори од јавното обвинителство.

ОЈО Кавадарци извршило увид на лице место, каде во мала куќа која се користела како импровизиран верски објект биле пронајдени три безживотни тела, меѓу кои и едно дете на возраст од околу 14 години.

„При првичниот преглед на лицата не се констатирани траги на насилство. Јавниот обвинител издава наредби за обдукција, како и наредба за испитување на исправноста на плинскиот уред на кој се грееле“, велат од Обвинителството.