Трансферот на фудбалерот на Реал Мадрид Герет Бејл во кинескиот Јиангсу Сунинг, по се изгледа пропаднал.
Иако се беше договорено и само се чекаше кога Бејл ќе замине во Кина, каде требаше да потпише тригодишен договор вреден 22 милиони евра по сезона, денеска е објавена веста дека трансферот пропаднал.
Причината поради која Велшанинот се поколебал да замине во Кина, е неговото семејство кое успеало да го убеди да не оди во далечната Кина.
Шпанските медиуми наведуваат дека 30-годишниот напаѓач одлучил да земе неколку слободни денови за да размисли околу конечната одлука, а дека Кинезите му дале рок до 31 јули да им го даде конечниот одговор.