Џони Деп, наводно, рекол дека има ужасен изглед, односно дека пропаднал, поради неговата поранешна сопруга, Амбер Херд.
-Јас не сум болен и не се борам со ништо, освен со лагите, кои сум решени да ги разоткријам, им рекол Џони Деп на пријателите, мислејќи на обвинувањата на Амбер дека ја тепал додека биле во брак.
Додека тој вели дека неговиот лош изглед е последица на акциите преземени од страна на актерката против него, на интернетот продолжуваат да циркулираат фотографии од поранешната сопруга на Џони со модринки на лицето, кои, како што Амбер вели, се дело на нејзиниот екс сопруг.
А во очи на овие коментари, поранешните сопружници се најдоа заедно во Сан Диего на Комик-Кон – тој го промовираше филмот „Фантастични ѕверови 2″ , а таа „Аквамен”.
Иако не се сретнаа ниту во еден момент и не беа во иста просторија, обожавателите беа ужаснати оти по панелот на кој беше Деп, само еден час подоцна во истата сала, Амбер имаше панел дискусија.
Многумина сметаат дека ова е несоодветно во поглед на обвинувањата изнесени претходно.