Во работна посета на РЕК „Битола“ денеска беше претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, кој присуствуваше на официјалното пуштање во употреба на
третиот блок на комбинатот.
– РЕК „Битола“ работи со полн капацитет. Монтажата на новиот трансформатор, што го изработи турската компанија „Астор“ заврши успешно. Пуштен е во употреба и третиот
блок во РЕК „Битола“, којшто веќе испорачува електрична енергија. Ова е голем и значаен придонес во зголемувањето на домашното производство на електрична енергија, РЕК „Битола“ произведува над 60 проценти од домашното производство на струја. Во 2023 година, планирано е над 70 проценти од домашно производство на електрична енергија да биде произведено од термоелектраните во сопственост на
државата. Производството на електрична енергија без блок 3, со максимално ангажирање на другите два блока во 2022 година изнесуваше 2.350 гигават часови. Во 2023 година од овој капацитет на РЕК „Битола“, планирано е производство на
над 3.000 гигават/часови. Придобивките од активирањето на блок 3 во РЕК „Битола“ се повеќекратни, затоа што покрај зголемено домашно производство на електрична енергија, придонесува и за зголемена доверливост и стабилност на електроенергетскиот систем и дава можност да се прават редовни годишни ремонти на сите три блока во РЕК, што е значајно за одржување на тековното производство на електрична енергија – истакна Ковачевски.