Денс малку познатиот роман „Ние“ на писателот Евгениј Замјатин од 1921 година влијалел врз неки од најпознатите автори на 20. век. Така Џорџ Орвел го користеше „Ние“ како предлошка за „1984“.
„Во 26. век луѓето станаа броеви – автоматони кои на ефикасноста и даваат предност пред слободата. Нив ги контролираат дронови кои се наоѓаат над улиците на Една Држава…Евреите ја опкружуваат метрополата за луѓето без документи да не влезат и да им ја уништат хармонијата…Еден од тие бројки, инжењерот Д-503 прави интеграл….во светот на согласнот и механичка послушност се развива застарената вештина на размислување за која долго време се мислеше дека е исчезната. Така Д-503 доби душа“.
Овој заплет звучи како некоја СФ серија, но всушнсот е многу постар и се наоѓа во романот „Ние“ на Замјатин од 1921 г. „Ние“ содржи и мрачно предвидување за климатските промени и за културата на набљудување, па денес е поактуелен отколку во минатиот век.
„Ние“ е напишан помеѓу падот на Руската империја и кревањето на Советскиот Сојуз, а херојот Д-503 како да е Замјатин кој прави рекапитулација на својот живот.
Тој бил инжењер во Санкт Петербург на преодот од 19 во 20 век, кога Замјатин станува реолуционер. Првин е упасен во 1905г. набрзо откако царските трупи го апсат Троцки и другите лидери на претроградскиот совет. Во затворот тој почнува да пишува во шифри, скривајќи го своето незадовлство.
Од затвор е пуштен во 1906г.а руските власти го праќаат во Лондон за да научи технологија и изградба на мразокршачи неопходни за пробој на германската блокада на Балтикот.
Се врати во Русија во 1917г. во време на Октомврискатра реолуција, но стана разочаран болшевик. Во 1922г. повторно е уапсен, откако цензорите успеале да ги пресретнат поканите да го објави „Ние“ во Берлин и во Париз. За среќа неговиот пријател Максим Горки лично апелирал кај Сталин да го пушти. Замјатин на крај завршува во егзил во Париз.
Романот е објавен на англиски, француски и на чешки, но во СССР се појавува дури во 1988г.
Дека ги предвидел промените на системите тоа е јасно, уште повеќе климатските промени, а патувањето преку интеграли денес е идеа на Илон Маск и неговиот прокет „Спејс икс“ за населување на Марс. Во меѓувреме и откритијата за собирање податоци и приватноста ги популаризираа шифрираните апликации како што е Ватсап.