Просечната пензија по најмалку 45 години работа во Германија изнесува 1.543 евра.

Оваа информација ја изнесе германската влада како одговор на пратеничкото прашање на Дитмар Барх, шефот на пратеничката група на Левицата во Бундестагот.

Разликата меѓу женската и машката пензија изнесува неколку стотици евра.

Просечната „машка“ пензија изнесува 1.637, а „женската“ 1.323 евра.

Просекот во западниот дел на земјата е повисок од просекот во поранешните источногермански покраини и изнесува 1.605 евра, наспроти 1.403 евра на исток.

Споменатиот просечен износ на пензија за Барч е „срамен биланс на пензиската политика во последните две децении“.

За него, фактот што жените и источногерманците имаат значително помали пензии е знак „дека сме далеку од праведен систем на соодветни пензии“.