Просечната месечна нето плата по вработен во август годинава изнесувала 448 евра –  објави Државниот завод за статистика. Во однос на август лани е зголемена за 9,6 отсто додека во однос на јули растот изнесува 1,1 процент.

Зголемувањето е генерирано од секторите уметност, забава, рекреација и земјоделство, како и од дејности на здравствена и социјална заштита.

Значаен пад пак има кај платите во угостителскиот сектор, филмската индустрија, туристичките агенции, правните и сметководствените дејности.