Според податоците на Европската агенција за статистика од 2017 година, просечниот работен век на еден граѓанин во Европската Унија е 35,9 години.

„Еуростат“ вели дека работниот век во земјите од ЕУ пораснал за 0,3 на годишно ниво, односно 3 години во споредба со 2000 година.

поред проценките од 2017, работниот век во земјите-членки на ЕУ се движи помеѓу 32 години во Италија и 42 години во Шведска.

Лани, просекот од работниот век на мажите изнесувал 38,2 години, додека пак кај жените изнесувал 33,4 години.

Просечниот работен стаж кај мажите е повисок отколку кај жените во повеќето земји, со исклучок на Литванија и Летонија, каде жените доминирале, а разликата во работен век меѓу двата пола е минимална.

Според извештајот, просечниот работен стаж во Турција е 29 години.

Во Еврозоната, просекот изнесувал 35,6 години во 2017, а во 2000 изнесувал 32,2 години.

Извештајот се базира врз податоци од земјите од ЕУ, како и земји-кандидати за членство, и земји од ЕФТА.