Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2024 година, изнесувала 41.585 денари и во однос на септември лани е повисока за 9,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (12.6 %), Преработувачка индустрија (11.7 %) и Уметност, забава и рекреација (11.4 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5.8 %), Административни и помошни услужни дејности (5.0 %) и Преработувачка индустрија (2.8 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, пак, во септември 2024 година, изнесувала 62 573 денари.