Денеска, во Министерството за одбрана, остваривме проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер, по повод завршувањето на нејзиниот мандат во Македонија.

-За време на нејзината проштална средба со министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-мајор Васко Лафчиски, амбасадорката Анџела Агелер се осврна на силната одбранбена соработка меѓу Соединетите Американски Држави и Македонија, објавија денеска од американската амбасада во земјата.

Таа ги истакна заедничките воени вежби на полигонот „Криволак“ и долгогодишното партнерство со Националната гарда на Вермонт како клучни примери за соработка што ја унапредија подготвеноста и ја зајакнаа заедничката безбедност, се вели во објавата на амбасадата на САД во Македонија.