Повеќе од 380 автомобили Ламборџини вчера излегоа на патеката Силверстоун за „Денот на Ламборџини“.
Официјалната прослава на Велика Британија на 60-годишнината од италијанскиот производител на суперавтомобили се одржа синоќа.
Со официјалното британско претставување на новиот модел на „Lamborghini Revuelto“, гостите тргнале кон патеката Силверстоун на уникатен параден круг: досега невидениот спектакл од 382 автомобили Ламборџини.
Со овој спектакуларен круг се поставен нов рекорд по бројот на возила Ламборџини на една патека.
Автомобилите биле собрани од 11 продажни салони на Ламброџини во Велика Британија.Тие движејќи се во конвој „Bull Run“ пристигнале на патеката во Силверстон, Нортхемптоншир, каде што биле пречекани од директорите на одборот на „Lamborghini“.