Повеќе илјадници антивладини демонстранти главно облечени во црно денеска се собраа во работничкиот дистрикт Монк Кок во Хонг Конг на протестен марш.

Во истовреме во реонот Коузвеј беј, Парк Викторија се собраа поддржувачите на полицијата и тие претежно се облечени во бело.

Протестите што почнаа пред два месеца поради Законот за екстрадиција, кој во меѓувреме беше суспендиран, прераснаа во антивладини, а полицијата употреби прекумерна сила.
Антивладин протест е закажан и за утре, а масовен штрајк е планиран в понеделник.

Илјадници државни службеници синоќа првпат им дадоа поддршка на антивладините демонстранти.

Протестите се прва сериозна политичка криза во Хонг Конг откако поранешната британска колонија беше вратена под управа на централната Влада во Пекинг пред 22 години.