Поддржувачите на коалицијата „Србија против насилството“ вечерва на протест во центарот на Белград побараа поништување на изборите во главниот град.
„Не можеме и нема да ги прифатиме резултатите од изборите. Резултатите не ја одразуваат волјата на граѓаните“, рече Владимир Обрадовиќ, кандидат за градоначалник на Белград од опозицијата на митингот пред Градското собрание.
Учесниците потоа се упатија во седиштето на Републичката изборна комисија каде, каде што имаше обид да се тргне заштитната ограда. Имаше и судир со обезбедувањето на РИК во обид да се влезе внатре во зградата…. Претставници на „Србија против насилството“ ги предадоа доказите за нерегуларности на изборите …. Републичката изборна комисија на Србија соопшти дека ќе се обрати до јавноста во 21 часот.
„Со оглед на тоа што повеќе од 40.000 луѓе без легален престој во Белград беа организирани за поддршка на списокот на СНС, што драстично ја промени изборната волја на белграѓани, бараме поништување на изборите во градот Белград и повторување на гласањето за Градското собрание“, велат од коалицијата и бараат „прочистување на избирачкиот список“.
Според прелиминарните резултати на Градската изборна комисија, листата на СНС на изборите во Белград освоила 49 мандати, а листата „Србија против насилството“42 мандати.
Српските опозициски лидери Мирослав Алексиќ и Маринка Тепиќ објавија дека почнуваат штрајк со глад кој ќе трае до поништувањето на резултатите од вчерашните избори во Белград.