Денес, родителите на учениците кои посетуваат настава во општинското основно училиште Његош во Колонија, општина Гази Баба, на втор протест пред училиштето.
Истите се противат на притисокот кој го прави министерот за образование и наука Јетон Шакири за отворање на нови паралелки во ова училиште.
-Невозможно е да се отворат нови паралелки. Нашите деца посетуваат настава во овие услови со траење до 17:00 часот попладне. Ако се отворат нови паралелки, дали нашите деца ќе седат во училиште до 22:00 часот – вели еден од родителите.
Дополнително како што велат присутните, уште во 2019 година високи владини преставници на средба со граѓани во населеното место Идризово ветија изградба на ново училиште за учениците од Идризово но и по цели четири години власта не превзема ништо за реализација на ова ветување.
-Отворање на нова паралелка, да ама за дневен престој. Бидејќи сега има само една која е со речиси околу 60 дечиња. Власта да не се иживува со нашите деца – вели мајка на две деца кој посетуваат настава во ООУ Његош.
Родителите упатија порака до Министерството дека доколку дојде до менување на досега воспоставениот распоред на часови во истиот момент ќе настапи целосен бојкот на наставата.