Недозволиво е актуелната власт и Зоран Заев да преговараат за македонскиот идентитет, јазик и историја. Расипничката политика на СДСМ во однос со преговорите и Договорот со Бугарија е на штета на македонскиот народ и бараме итно повлекување и оставка на Заев, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Анеглинка Петкова на денешниот протест во Гевгелија, Оставка на Заев, слобода на народот,протест сега, за да ме биде предоцна, кој меѓудругото се одржува во 11 града ширум државата.
Петкова, порача дека ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивставува на ваквата сервилна политика на власта и бара итно формирање на национален консензус за националните македонски прашања кои како што вели не можат и не смеат да бидат
предмет на преговори. Бараме оставка од Заев и формирање влада за национален консензус спас бидејќи кататстрофалните политики кои ги спроведува Заев и СДСМ, ја носат Македонија во целосен пропаст. Здравствената, економската а сега и политичката криза се јасен показател дека државата тоне, вели Петкова. Според неа, Заев е единствениот политичар кој ове 30 тина години ја понижи Македонија и македонскиот народ, распродавајќи ги македонските интереси. Договорот со Бугарија е откажување од македонската историја, јазик и идентитет. Заев сака целосно да ја обезличи македонската држава, ВМРО-ДПМНЕ и народот тоа нема да го дозволат. Со Заев, Македонија бележи само порази и неуспеси, ако се откажеме од историјата и идентитетот тогаш тоа е исто како да се откажуваме од нашето минато и нашата сегашност и нашето достоинство кое нема цена, порача Петкова.