Во рамки на денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ, приврзениците на партијата излегоа и на улиците во Прилеп.
Протестот во Прилеп помина во знак на барањата за слобода на Јане Ченто, како и против политичкиот прогон и партискиот реваншизам.
Денешниот беше дел од низата протести, што најголемата опозициска партија ги организира веќе втор месец, како што велат, против мафијата и поскапувањето на струјата.