Неколку илјади Мароканци одржаа уште еден марш во Казабланка за поддршка на палестинскиот народ и против нормализацијата на односите на Мароко со Израел, јавиja странските агенции.
Демонстрантите извикуваа „Слобода за Палестина“, „Ако молчиме, кој ќе зборува?“ и „Не за нормализација“. Многумина од толпата носеа палестински знамиња и марами.
Тие прошетаа низ главните улици во центарот на Казабланка на покана на Мароканскиот фронт, кој ги обединува левичарските партии и исламистичките движења.
Мароко и Израел ги нормализираа дипломатските односи во декември 2020 година.
Од почетокот на војната во Појасот Газа на 7 октомври, во Мароко се одржаа неколку демонстрации со барање за ставање крај на нормализацијата, додека противењето на тоа беше ограничено дотогаш.
Фото: ЕПА