Париската полиција вчера уапси 37 лица за време на протестот на илегалните мигранти, откако демонстрантите го опколиле познатиот Пантеон со барање да им се одобрат дозволи за престој.

Полицијата на Твитер објави дека ги евакуирала демонстрантите кои илегално живеат во Франција и бараат средба со премиерот Едуард Филип, а при акцијата се уапсени 37 лица.

Некои од демонстрантите себе си на Фејсбук се нарекувале „црни елеци“, а еден од нив наведува дека власта треба да ги регулира нивните документи, барајќи да имаат исти права како Французите.