Руското Министерство за надворешни работи соопшти денеска дека го повикале холандскиот вршител на должноста за да му врачи протестна нота заради тоа што бил шпиониран рускиот воен аташе во Холандија.
„Русија силно протестираше пред холандскиот дипломат поради откривањето опрема за шпионажа во службениот автомобил на рускиот воен аташе во Холандија“, се наведува во соопштението на руското МНР.
Министерството оцени дека таквото непријателско дејствување дополнително ги компликува и онака тешките односи меѓу двете земји.
Москва уште побара носење опсежни мерки заради спречување на вакви инциденти во иднина.