Премиерот на Северна Ирска Пол Гиван поднесе оставка во знак на протест против трговските правила по Брегзит.
-Денеска е крајот на тоа што беше мојата животна привилегија, рече Гиван на прес-конференција.
Гиван на оваа функција мина помалку од една година, пренесуваат британските медиуми.
Министерот за Северна Ирска во британската Влада, Брендон Луис, изјави дека одлуката на Гиван да поднесе оставка е крајно разочарувачка.