ИМАЛО, ИМА И ЌЕ ИМА
Глобалните пандемии секогаш се проследени со гласини и теории на заговор. И тоа со фатални последици. Притоа, посебно заземаат- како во минатото, така и денес- вестите за изворите и патиштата на ширење на болеста. Примери:
– 14 век – Црна смрт – вистински причинител бил бактеријата Yersinia pestis предизвикувајќи различни облици на чума и смрт на 75-200 милиони луѓе. Божемни предизвикувачи: најпрвин, тоа биле луѓе кои ги труеле бунарите за вода а подоцна, „виновниците“ биле пронајдени во лицето на Евреите и нивната ѓаволска намера да завладеат со светот, па затоа доживеале погроми и прогонства.
– 1918 – 1920 год., ткн. „шпански грип“ предизвикал меѓу 25 и 50 милиони смртни случаи. Изворот на болеста е откриен дури во 30-те години, а дотогаш мнозина биле убедени дека болеста е „плод на германските воени лаборатории“.
– Наездата на компир Буба во Германската демократска република во 50-те години на минатиот век исто така била извор на најлуди теории на заговор. Оваа наезда речиси го уништила целосниот принос на компир во Источна Германија, а социјалистичката пропаганда ги обвинила САД дека, за да ја саботираат ГДР, ги пуштилељ опасните штетници. Властите со тоа сакале да го свртат вниманието од сопствената одговорност.
– Но неславниот рекордер по бројот на дезинформациски кампањи секако е СИДА-та. Советската КГБ во 1983 година ја лансирала гласината дека СИДА-та како биолошко оружје потекнува од Форт Детрик, каде Американците експериментирале врз заробеници, малцинства и хомосексуалци. Потоа уште тврделе дека САД ги прикриваат трагите со тврдењето дека изворот на заразата бил во Африка.
2020 г. КОРОНА ВИРУС – Божемни предизвикувачи: Кинезите, Америте, антихристот, СЗО и “Групата 300″(кои и да се тие и други такви мрачни друштва) (за трговија со органи како што замислил човекот за кој пишував во претходниот мој пост), творците на 5Г, Бил Гејтс со цел чипирање и т.н….
ПОСЛЕДИЦИ – теоретичарите на заговори не почитуваат профилактички мерки за заштита и придонесуваат за ширење на вирусот при што страдаат останатите неретко и со смртни последици.