Рускиот инженер Сергеј Савицки го нападнал својот колега Олег Белогузов во руската станица Белиншаузен бидејќи му открил крај на роман.
Меѓу нив имало конфликт што можел да се заврши со смртен исход, но многумина го изненадило причината зошто тие двајца мажи се скарале.
Имено, и двајцата биле страсни обожаватели на книги, а Олег имал иритантна и упорна навика да открива крај на книжевно дело, додекапак Сергеј не успевал да го контролира бесот и го нападнал својот колега.
На 9 октомври во руската станица Белингшаузен со нож го нападнал Белогузов со намера да го убие. Сависки е депортиран во Русија и е во домашен притвор каде чека судење. Тој вели дека жали за инциднетот и го обвинува алкохолот за неговото однесување.
Белогузов е вон животна опасност, но префрлен во Чиле со убодна рана во градите.
Сегеј Савитски со тој потег се впиша како прв маж обвинет за обид за убиство на Антарктикот.