Кривична пријава за криминал вреден 75.000 евра за што се лежи и в затвор доби Викторија Аврамовска Мадиќ, на првиот ден од стапувањето на функцијата заменик министерка за правда на Македонија.
Претходното раководство на Градот Скопје, како што пренесе порталот Експрес, платило над 75.000 евра за изработка на веб портал на Град Скопје кој никогаш не профункционирал, односно Градот платил поголема сума од реалната за ваков тип на услуга.
– Град Скопје поднесува кривична пријава до ОЈО за злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата за поранешни и сегашни вработени во град Скопје, и тоа против поранешниот генерален секретар на Град Скопје Викторија Аврамовска Мадиќ, поранешниот помошник раководител на сектор за поддршка на градоначалник Ваљон Салиху, раководителот на одделението за ИКТ инфраструктура Никола Трајковски, како и вишиот соработник во одделение за координација на активности на градоначалник Влатко Васиљ, рече Даниел Аврамовски на прес-конференција.
Мадиќ, Салиу, Васиљ пред суд ќе треба да објаснуваат зошто порталот на градот платен 75.000 евра никогаш не проработел.
Членот кој ја регулира оваа материја во Кривичниот законик во зависност од ставот предвидува затворска казна од една до максимални 20 години затвор.