Првиот пробен лет е реализиран на новиот, трет аеродром во Истанбул, кој треба да се пушти во употреба на 29 октомври, на националниот празник на земјата, објави турската телевизија НТВ.
Пробниот лет, реализиран со авион на турската државна аеродромска администрација, помина успешно. При контролата е констатирано дека системите функционираат совршено, а пистата, со должина од 3.750 метри, е погодна за полетување и слетување.
Третиот аеродром во Истанбул, кој ќе биде еден од најголемите во светот, веќе е завршен 90,5 проценти.
Новиот аеродром ќе биде доволно голем за да располага со 114 авиони во исто време, а кога ќе почне да функционира ќе има вкупно 225.000 вработени.
Аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, кој е меѓу петте најпрометни аеродроми во Европа, ќе биде затворен откако ќе почне да работи новиот аеродром.