Со торта, свеќа со бројот еден и скара Здружението Цар Борис Трети во чиј склоп во Охрид беше отворен истоимениот бугарски клуб, се славела една година од постоењето.

Фотографии од настанот се објавени на страницата на клубот, со порака дека на годишнината присуствувале голем број на членови и пријатели на клубот.

-Прослава по повод една година од нашето здружение Цар Борис Трети, со голем број на членови и пријатели, генералниот конзул и дипломати од генералниот конзулат во Битола, со неуморна поддршка од фондацијата Бугарска меморија и Милен Врабевски, наведено е на страницата на клубот.

Помеѓу присутните може да се забележи и охриѓанецот Томе Блажевски, кој е претседател на клубот, но и финансиерот на бугарските клубови во земјава, Милен Врабевски.