Официјално е потврден првиот случај на лице заразено со новиот коронавирус во Словенија, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Ова информација прв ја објави премиерот во оставка Марјан Шарец, кој на социјалните мрежи објави дека коронавирусот се појави и во Словенија.

– Откриен е првиот случај на коронавирус кај нас. Министерот Шабедер набрзо ќе даде изјава со сите детали – напиша Шарец.

Инаку, Словенија до вечерва беше една од ретките држави во регионот каде што немаше потврден случај на коронавирус.