Првиот смртен случај од новиот корона вирус е регистриран денеска во Луксембург, изјави министерот за здравство Полет Ленерт.
Во земјата вкупно се потврдени 34 заразени лица од Ковид-19.
Властите воведоа рестриктивни мерки, затворени се училиштата и градинките, времено се забранети посети во домовите за стари лица.