Нов Зеланд денеска соопшти дека жена починала откако ја примила вакцината Фајзер против Ковид-19, пренесе ТВ 24.
„Ова е прв случај во Нов Зеланд во кој смрт настапила во денови по вакцинацијата и се поврзува со вакцината на Фајзер против Ковид-19“, соопшти Министерството.
Независна комисија за следење на безбедноста на вакцините против Ковид-19 утврди дека смртта на жената се должи на миокардит, редок несакан ефект од вакцината на Фајзер против Ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Според комисијата, миокардитот најверојатно бил предизвикан од вакцинацијата.
Нов Зеланд досега има целосно вакцинирано околу еден милион лица или околу 20 отсто од населението.