Северна Кореја во текот на викендот истрела две ракети со краток достег, соопштија американските власти, пренесува телевизијата Еј-Би-Си Њуз.
Ракетните проби претходно не биле најавени.
Овие викенд ракетни тестови се први што се одржуваат во време на администрацијата на претседателот Џо Бајден, која призна дека се обидела да воспостави контакт со режимот на Ким Џонг-ун.
Северна Кореја неодамна јавно се пожали на новата рунда воени вежби, што САД ги планира со Јужна Кореја.
Пред посетата на министерот за одбрана Лојд Остин на Јужна Кореја, американските власти изразија загриженост дека Северна Кореја подготвува ракети за истрелување, како одговор на неговата посета. Меѓутоа, викендов двете ракети беа истрелани откако Остин ја напушти Јужна Кореја, едната во саботата, втората во неделата.