Јапонија и Бразил ги приредија првите изненадувања на Светското првенство во ракомет во Египет.
Тие одиграа нерешено со фаворите Хрватска и Шпанија при што и двата натпревари завршија со идентичен резултат 29:29.
Уште повеќе, двете фаворизирани репрезентации можат да бидат среѓни со бодот бидејќи малку недостигаше да ги загубат овие натпревари. Дури и хрватските медиуми признаваат дека репрезентацијата на Јапонија е таа која може да жали за победата.
По натпреварот, Червар изјави:
„Ова не е шок. Шок би бил кога однапред ќе кажевме дека ќе победиме против Јапонија, Катар и останатите и одиме по златото. Тие се добра репрезентација, која е домаќин на Олимписките игри. Не треба да се ‘плука’ по тренерот и ракометарите. Морав да направам промени, барав најдобра реакција од останатите. Морам да ги пофалам ракометарите затоа што се вративме во мечот, а на крајот можевме и да победиме. Го дадовме максимумот. Циндриќ е повреден и не можеше ништо на крајот, сепак мора да извлечеме поука. Ние не сме како Франција, па да имаме 100 шутери. Ги имаме Мамиќ и Мартиновиќ, кој не е стандарден во својот клуб. Јапонија играше добро, нема да им ја критикуваме играта“.