Прв Скопски Извиднички Одред (ПСИО), искрено жали поради настанатата ситуација, што следува по сведоштвата споделени во јавноста околу случувањата на настанот Есенски бакнежи, прегратки 2021г, се вели во соопштението на ПСИО.
Во него понатаму стои:
Последните 2 дена ги посветивме на целосно толкување на реакциите и обвинувањата од страна на загрижен родител, кон активностите и случувањата на нашиот настан организиран 24-26.09.2021г. во околината на с.Градовци.
Раководството на ПСИО внимателно ги разгледа коментарите и ставовите околу случајот и смета дека сведочењата за настанот се извадени од контекст.
Есенски бакнежи, прегратки е традиционален настан чија цел е да ги спои основите на рок музиката, извидничките вештини и сексуалното образование. Настанот е наменет за категоријата постари извидници (постари малолетници над 16 години). На овој настан учестуваа 32 учесници доборволно пријавени во екипи по 4 лица преку своите матични одреди и 10 волонтери од ПСИО. Акцијата се креира од млади за млади и се одржуваше во безбеден простор, во забавна и младинска атмосфера, и секој учесник имаше можност да пријави доколку се почувствува непријатно.
Есенски бакнежи, прегратки се одржува веќе 12 години и до сега сите настани поминале без никакви проблеми, поплаки или повреди, а имаат учествувано повеќе од 500 млади.
Извидништвото само по себе меѓу другото подразбира и безбеден простор каде младите може да учат, разговораат и дискутираат за важни теми за нивниот живот како што се основите на секскуалното образование без предрасуди и табуа.
Сакаме да напоменеме дека нашиот настан не претставува никаква манифестација на неморал, блуд или сексуално вознемирување. Сметаме дека многу делови од игрите се погрешно протолкувани.
ПСИО останува отворен за комуникација кон сите страни засегнати во случајот и ги мотивираме сите учесници кои се почуствувале непријатно на настанот или небезбедно од било каква природа да пристапат кон раководството на одредот.
За крај сакаме да упатиме жалење до сите страни кои беа неправедно вклучени, особено наши актуелни и поранешни донатори, а особено до ХЕРА која никогаш немала свој претставник на настаните, ниту пак финансиски го поддржувале овој настан. Информативните брошури се достапни за сите млади во нивните простории.
Искрено жалиме, што ваква медиумска покриеност не се случи никогаш кога сме го побарале тоа во изминативе децении кога сме организирале безброј крводарителски, хуманитарни, еколошки акции, кога сме практикувале социјална инклузија и кохезија, кога сме подигнувале свест за заштита на животна средина, кога сме ја пошумувале и чистеле државата од отпад, кога сме помагале во елементарни непогоди и уште многу општествено корисни акции.
Сакаме да се заблагодариме на сите кои не контактиравте за да ни ја искажете и пружите Вашата поддршка.