Камерон Дијаз неодамна го роди своето прво дете, а сега се појавија првите фотографии од актерката и сите се воодушевени.
Оваа 47-годишна актерка имала прилично долг пат кон мајчинството со сопругот Бенџи Мајден (40), бидејќи поминала серија третмани за вонтелесно оплодување, па дури и размислила за посвојување.
Двојката е пресреќна што го објави доаѓањето на нивната ќерка пред две недели, а Камерон веќе изгледа како „нова“. Таа е фотографирана како ги извршува секојдневните задачи, облечена во фармерки и џемпер, додека во рацете носи очила, телефон и папка.
Појавата на актерката и толку брзо „враќање“ во секојдневниот живот предизвика големо воодушевување на јавноста.