Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека е вратен авансот за кинеските вакцини поради „наша безбедност“, додавајќи дека тоа не значи дека тие нема да пристигнат во државава.
„Постапката трае подолго од тоа што ние очекувавме, но тоа е случај и со други земји“, потенцираше тој за Канал 5 и вети дека баскоро ќе пристигнат вакцините и дека преговорите со нив се во завршна фаза.
Тие 4 000 лица се 0,2 отсто од двата милиони жители на Македонија. Тоа што Србите се меѓу лидерите во Европа, Грците имаат 6 отсто вакцинирано насление, Бугарите само во еден ден вакцинираат по 18 000 лица, не го ремети бедното самозадоволство на Филипче, како инистер кој нема набавено ниту една единствена вакцина.