Заменик-министерот за надворешни работи на Грција задолжен за економска дипломатија Костас Франкојанис утре ќе допатува во Скопје во дводневна посета, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите на МИА од Атина, предвидено е Франкојанис да одржи низа средби со министрите за економија, надворешни работи, со заменик-претседателите на Владата надлежни за економски и европски прашања, како и со премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски.

Посетата на Франкојанис е прва на грчки владин претставник по изборот на новата Влада во Скопје. Претходно, додека беа премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев, имаше зачестени посети на грчки владини преставници на Република Македонија.