Првпат во Македонија е опериран пациент со прекумерна тежина на државна сметка. Операцијата била извршена на 27 март годинава, на Клиниката за дигестивна хирургија, соопшти на денешната прес-конференција директорот на Клиниката д-р Огнен Костовски.
Претходно, на 4 март, на одбележувањето на Светскиот ден на дебелината, беше соооштено дека 40 пациенти со прекумерна тежина ќе може да се оперираат преку Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) на Клиниката за дигестивна хирургија. Тогаш министерот за здравство Арбен Таравари и д-р Костовски кажаа дека на државна сметка може да се оперираат пациенти ако се обезни и имаат индикација за операција. Во Македонија има два центри за обезност, во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ и на Клиниката за ендокринологија.
На денешната прес-конфренција бше соопштено дека две сложени интервенции биле извршени на Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје. Директорот на Клиниката за дигестивна хирургија кажа дека на 12 и 13 март биле извршани кадаварчини трансплантации на црн дроб, два бубрега.
Петта кадаварчина трансплантација на црн дроб е ова со најуспешен тек, подвлече Костовски.
Тој рече дека трендот продолжува и во иднина ќе се прават сите подготовки за почнување на трансплантационен процес од жив дарител.