Со 32 гласа за и 55 против Предлог законот за укинување на 100 дена Техничка влада не го помина собранискиот филтер. Иако потребата од негово разгледување и носење ја образложи кординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицески сепак не најде на поддршка од парламентарното мнозинство.
Не давањето поддршка на овој предлог закон од страна на власта пак лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски го окарактеризира како кукавички чин а пак од СДСМ во дописот до ТВ 24 велат дека не го гласале овој предлог бидејќи немало заедничка кординација.
– Разговаравме поединечно и имаме различни ставови по определени прашања. Со оглед на тоа дека станува збор за Закон донесен со консензус како резултат на Пржинскиот договор и измените треба да бидат донесени со консензус.
Инаку, уште пред гласањето изминативе неколку недели и дел од владејачките партии начело се изјаснија дека се за укинување на техничката влада, но дека тоа треба да се направи со консензус на партиите, додека пак против предлогот за укинување на Пржинската влада беше опозициската Алијанса за Албанците.
ВМРО-ДПМНЕ пак со ова предлог законско решение кое го достави до собранието најавуваше укинување на 9 точки со кои се откажуваат од министерските и дополнителните министерски позиции на 100 дена пред одржувањето на изборите. Ова беше фрлена ракавица од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за одржување на предвремените парламентарни избори но за ова законско решение потребен е консензус од сите партии за кој очигледно се уште нема договор .