Препораките говорат да не се позајмуваат пари на пријатели и роднини, ако не сакате да ги одредувате условите за враќање и ако Ви е непријатно да ги побарате назад, за да не ги расипете блиските односи, смета психотерапевтката Ана Стори.

– Доколку, сепак, треба да дадете заем, таа советува да подготвите писмен договор во кој ќе се наведе износот и условите за отплата на заемот. Доколку не го направите ова однапред, бидете подготвени да не Ви се вратат парите, предупредува психологот.

– Од друга страна, не би требало да има проблем со отплатата доколку сте сигурни дека вашиот близок е свесен за својата одговорност и се однесува како возрасен, додава таа.

Ако Вашиот пријател е навреден од тие услови – очекувајте дека парите или нема да бидат вратени, или ќе бидат, но не наскоро.

– Личноста во овој случај ќе продолжи да се однесува незрело и ќе се обиде да направи – Вие да се чувствувате виновни. Во овој случај вие одлучувате дали ќе дадете пари или не, со тоа што ако дадете, ќе ги дарувате, а не да ги позајмувате, објаснува Ана Стори.