Автор: Димитриј Авдејев, психијатар, психолог
превод: Весна Апостоловски

извор: Вистина

Не постои човек на земјината топка, кој е без неволји и болести. Прародителскиот грев ја изменил возвишената состојба, која Бог им ја дарувал на луѓето. И, губејќи го Рајот, човекот доби… трулежност и смрт. Меѓутоа, милоста Божја не не остава нас, грешните и недостојните.

Болестите и тагите, за нас претставуваат и товар и вразумување и награда од Бога. Со нив, ако ги носиме без негодување, се чистиме од гревовите, духовно растеме и се подготвуваме за вечноста. Смирението и трпението, надежта во Господа и Неговата блага волја – тоа е вистинското христијанско расположение.

Ако болниот човек има такво расположение, тоа морално ќе го зацврсти и ќе му се вброи во подвизите. Во таков случај, човек кој е во ситуација на жал и немоќ, ја покажува победата на духот над телото и доброто над злото. Нашиот Спасител, нам ни дал пример на најголемо трпение, љубов и кроткост, поднесувајќи ги страдањата на Крстот и молејќи се за луѓето кои Го распнаа.

Болеста представува време на самопроверка, време на размислување и на покајание. Да запомнеме дека се` е од Бога: и болеста и здравјето. А се` што е од Бога, за наша полза е. Затоа, нема да паѓаме во длабока тага.

Милостививот Бог нема да ни испрати искушенија поголеми од нашата сила, зашто според зборовите на апостолот: „…но верен е Бог, Кој нема да позволи да бидете искушувани повеќе од силата ваша, и заедно со искушението ќе ви даде излез, за да мо-
жете да трпите“ (1Кор. 10,13). Битно е да запомнеме дека, „…во Царството Божјо треба да влеземе преку многу маки“ (Дела. 14,22).

Паралелно на ова – жалењето поради „злата судбина“, протестирањето, злобата кон сите и секого, го разоруваат внатрешниот мир, ги засилуваат страдањата, и што е најбитно – го намалуваат или го уништуваат духовниот плод, заради кој е и испратена болеста. Тој плод е нашето спасение во Бога. Понекогаш, за да го сфатиме тоа и да станеме свесни за тој факт, ни попречува нашето маловерие, нашиот млак однос спрема себеси и слично.

Годините на атеизам не поминале без последици. Стигнаа скоро три генерации луѓе кои не знаат за Бога и Неговата Црква. Во својата докторска пракса, често се сретнувам со ситуации, кога болниот и тажен човек, не ја сфаќа духовната смисла на стра-
дањата (мислам на луѓето кои се крстени во Православие), многу лошо се чувствуваат и се во голема тага и очај. Се случува и полошо: желба да се умре…

Свети Јован Кронштатски напишал: „Од себлагиот Господ доаѓа само добро, а не зло. И самата твоја болест е добро, а ти се жалиш, малодушен си, очајуваш; за волните сласти во младоста – неволни болести во староста“.