Легендарниот италијански голман и член на ПСЖ, Џанлуиџи Буфон, вчеравечер во натпреварот од четвртфиналето на францускиот фудбалски куп против Дижон ја оствари 600-тата победа во кариерата, објави „Фудбал Италија“.
Четириесет и едногодишниот првите чекори во професионалниот фудбал ги направи во 1995 година. Тој има брането на 1.071 натпревар. За Парма има 168 настапи, 509 за Јувентус, 176 за Италија и 19 за ПСЖ.
Како дел од францускиот клуб, голманот сè уште не претрпел ниту еден пораз на официјален натпревар.
Договорот на Буфон со ПСЖ е со важност до следното лето, но постои можност за продолжување на соработката за уште една сезона