Фудбалерот од средниот ред на Пари Сен Жермен, Џулијан Дракслер, може да се пресели во Челзи во зима, пренесува „Дејли експрес“.

Според весникот, лондонскиот тим е подготвен да потроши многу пари откако ќе се укине забраната за трансфери.

Менаџерот Френк Лампард е сериозно заинтересиран за 26-годишниот Германец, а Челзи „фрлиле око“ и на играчот од средниот ред Идриса Геј, кој исто така игра за „принцовите“.

Оваа сезона, Дракслер има 8 натпревари и 2 асистенции на сите турнири.