Во неверојатно финале на Лигата на шампионите, ПСЖ ја освои титулата европски првак со импресивна победа над Интер од неверојатни 5:0. Со голови на младите ѕвезди, Париз го доминираше натпреварот од самиот почеток до крај, а главниот херој на мечот беше 19-годишниот Дезире Дуе со два гола и една асистенција.

Интер, иако борбен, не успеа да го сопре моќниот напад на ПСЖ, кој беше надигран и казнет дури во самиот финиш на натпреварот. Со ова, ПСЖ конечно го оствари својот сон и го освои трофејот кој му недостасуваше со децении.

Дека на Интер лошо му се пишува беше јасно по само 20 минути игра. Два пати лошо реагираше Димарко, им овозможи на Хакими, а потоа и на Дуе да го совладаат Сомер. Интер имаше шанса во 36 минута, но Тирам од пет метри со глава биеше крај голот.

Финалето практично беше решено во 64.минута кога Дуе со својот втор гол зголеми на 3:0. Девет минути подоцна Кварацхелија четврти пат го совлада Сомер, а точка на натпреварот стави Мају, кој на теренот влезе во 84. а голот го постигна во 87.минута

Од 1962 година не се случило еден тим во финалето да постигне пет гола.