Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Нејмар ќе учествува на денешната прес-конференција во пресрет на натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите против Манчестер сити.
Според француски „Л’Екип“, тој, заедно со тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, ќе одговара на новинарски прашања. Ова ќе биде прва прес-конференција на Нејмар од 2018 година.
Бразилецот во минатото често пати беше критикуван од новинарите и тоа кај него предизвикуваше лутина, а имаше и случаи на предвремено напуштање на прес-конференција.
Натпреварот ПСЖ – Манчестер сити ќе се игра утревечер од 21 часот во Париз.