Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел во скоро време може биде сменет поради незадоволителни резултати.
Според „ЕСПН“, главни кандидати за наследник на Германецот на тренерското место во францускиот клуб се Масимилијано Алегри и Маурисио Покетино. Двајцата фудбалски стручњаци се без ангажман од 2019 година.
Забележано е дека Тухел е под силен притисок во пресрет на денешниот натпревар со Лил кој во моментов е второпласиран во Лига 1.
ПСЖ е на третото место, а лидер е Лион, кој има натпревар повеќе.
На меѓународната сцена, ПСЖ обезбеди осминафинале во Лигата на шампионите, каде што ќе се сретне со Барселона.