Неколку француски клубови, предводени од шампионот Пари Сен Жермен, размислуваат за организирање на турнир во Катар во јули. Другите учесници најверојатно ќе бидат Лион, Лил и СентЕтјен.
За ПСЖ, турнирот ќе биде проба пред продолжување на Лигата на шампионите, а за останатите екипи ќе биде дел од подготовките за новата сезона во Лига 1.
На Парижаните им претстојат и последните натпревари во Купот на Франција и Лига Купот.
Натпреварите најверојатно ќе се играат во главниот град Доха. Во моментов не се пуштаат странци во Катар, но ситуацијата се очекува да се промени до јули.