Пари Сен-Жермен останува заинтересиран за играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба.
И покрај трансферот на Лионел Меси, Парижаните се стремат да го обезбедат доаѓањето на Французинот.
ПСЖ планира да потпише со Погба кога ќе му заврши договорот со Јунајтед, во 2022 година. Самиот 28-годишен фудбалер би сакал да се пресели во Барселона или Реал, но шпанските врвни клубови се во финансиска криза.
Францускиот тим е подготвен да плати 600 илјади евра неделно (околу 31 милион евра годишно) за да го убеди Погба да потпише за нив.