Капитенот на Париз Сен-Жермен, Тиаго Силва очекува да остане во клубот до 2022 година, објави „Л’Екип“.
Сегашниот договор на Силва истекува летото 2020 година.
Триесет и четиригодишниот фудбалер смета дека е способен да продолжи да игра на највисоко ниво.
Бразилецот се пресели во ПСЖ во 2012 година од Милан. За тоа време тој настапи за парижаните на 271 натпревар, постигна 16 гола и даде четири асистенции.
Со ПСЖ, Тиаго Силва по пет пати ја освои француската Лига 1 и Лига купот, по четири пати Купот на Франција и францускиот Супер куп.