Италијанскиот репрезентативец во редовите на Пари Сен-Жермен, Марко Верати, наскоро ќе го продолжи договорот со клубот. Новиот договор ќе биде пресметан до 2024 година, објавија некои француски медиуми.
Платата на 26-годишниот играч ќе се зголеми на на 11 милиони евра по сезона.
Верати е дел од ПСЖ уште од 2012 година. Оваа сезона настапи на 11 натпревари и забележа една асистенција.